Манчестер Сити вечерва му гостува на Тотенхем во заостанатиот меч од Премиер-лигата, дуел на кој триумф на „граѓаните“ ќе го врати актуелниот првак на чело на табелата на едно коло до крајот.
Сити се обидува да стане прв тим во историјата на Премиер-лигата со четири шампионски титули во низа, а на трофејниот стратег му пречат коментарите во јавноста дека Сити освојува трофеи со трошење на многу пари.
„Дали ни е здодевно да освојуваме пехари? Не е здодевно, но е многу тешко. Четири титули во низа, никому не му успеало, ниту на Ливерпул во осумдесеттите, ниту на Јунајтед со Алекс во деведесеттите години од минатиот век. Знаете што беше претходно? Претходно парите решаваа. Ако се уште решаваа парите, Манчестер Јунајтед требаше да освојува пехари секоја година. Сите пехари. Потоа и Челси, па и Арсенал… сите овие клубови потрошија повеќе пари од нас во претходните пет години, но не успеаја да го симнат Сити од тронот“, порача Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА