Гвардиола гледал некој друг меч: „Игравме одлично, го принудивме Ливерпул да се брани и со 11“

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, вели дека е задоволен од играта на неговиот тим и покрај дерби поразoт (0-2) од Ливерпул на „Етихад“ и негативата од цели 20 бода сега зад лидерот во Премиерлигата.

Сепак, Гвардиола, на прес-конференција по мечот, немаше за што да се пожали околу изданието на своите играчи.

„Добра игра. Тесно беше во првото полувреме и покрај тоа што примивме два гола, додека во второто полувреме ние игравме, имавме контрола, напаѓавме а тие се бранеа добро, длабоко. Бевме постојана закана за противникот. Мислам дека Доку и Савињо одиграа одличен натпревар… Игравме многу добро, па немаме ништо за што би се пожалиле“ – рече Гвардиола и дополни:

„Првиот гол го примивме по корнер, во второто полувреме тие се бранеа со цел тим, ги имаше 11 во шеснаесетникот. Тоа не е нивниот стил, а тоа значи дека ги принудивме да играат и да се бранат така. Големи комплименти за нив, но исто така сум многу задоволен од тоа како ние одигравме“.

Гвардиола вели дека не е сигурен кога Ерлинг Халанд ќе се врати во тимот.

„Не е толку страшно за нашиот тим како што изгледа во моментов. Гледам светла иднина. Иднината се Де Брујне и Аке, и другите кои ќе ни се придружат во следниот преоден рок, а потоа…. Има многу играчи овде, имаме неколку играчи во моментов и сите тие се навистина добри. Знаеме дека повторно ќе се бориме за титула следната сезона“ – рече Гвардиола.

Се вчитува...