Гвардиола го „брише“ Гвардиол и носи 22-годишен дефанзивец на „Етихад“

Сезона за заборав на „Етихад“, но Пеп Гвардиола има и тоа како кредити кај управата на клубот, па ќе продолжи да го води клубот и наредните сезони. Токму поради тоа „граѓаните“ стартуваат со обнова на тимот.

Во редовите на Манчестер сити се очекуваат заминувања и засилувања, но Пеп Гвардиола моментално има само една голема желба. Според англиските медиуми, Гвардиола силно го посакува 22-годишниот бразилски дефанзивец Муриљо, кој експлодираше во дресот на Нотингем Форест.

Муриљо во Форест е од 2023 година кога пристигна од Коринтијанс, а оваа сезона го игра фудбалот на својот живот и е еден од предводниците на Нотингем, кој е хит на сезоната во Премиерлигата. Моменталната вредност на Муриљо е 50 милиони евра а има договор со „шумарите“ до јуни 2029 година.

Според островските медиуми, доаѓањето на Муриљо би можело да биде нов рекорд во англискиот фудбал за еден дефанзивец. Актуелен рекордер е Јошко Гвардиола, кој дојде токму во Манчестер сити од Лајпциг во август 2023 година во трансфер вреден околу 90 милиони евра.

Сепак, Сити сега е подготвени да понудат околу 100 милиони евра за Муриљо.

Се вчитува...