Манчестер Сити игра променливо сезонава и моментно е второпласиран на премиерлигашката табела, а Пеп Гвардиола покрај на шампионската трка со Арсенал е фокусиран и на потрагата по нови фудбалери за наредната натпреварувачка сезона.
Илкај Гундоган дефинитивно на крајот од сезонава ќе си замине од клубот откако „граѓаните“ решија да не му понудат нов договор и да му дозволат слободен трансфер без отштета, а Гвардиола конечно го „пикираше“ играчот што сака да го види како наследник на германскиот репрезентативец во дресот на Сити. Како што јавуваат британските медиуми, станува збор за Алексис Мекалистер, аргентинскиот репрезентативец кој го носи дресот на Брајтон.
Мекалистер беше стандарден првотимец во аргентинската национална селекција, со што неговата сцена дополнително порасна. Брајтон е познат како клуб што е тежок за преговори и секогаш извлекува богати суми за своите најдобри фудбалери, а исклучок сигурно нема да биде ниту аргентинскиот ас, ако се знае дека одредената цена за негов трансфер изнесува 80 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

