Гвардиола: Го извадив Халанд за да не го сруши рекордот

Манчестер Сити на крилја на неверојатниот Ерлинг Халанд и неговите пет гола со кои се израмни со Лео Меси и Луиз Адријано по бројот на најмногу постигнати гола на еден натпревар во Лигата на Шампиони го прегази Лапциг во осминафиналето од престижното натпреварување.

Норважанецот на теренот остана до 63. минута пред да биде заменет од Пеп Гвардиола, а шпанскиот стратег изјави дека го направил тоа со цел да го спречи во обидот да го сруши рекордот за најмногу голови во еден натпревар за негово добро.

„Сега да го срушеше рекордот додека има 22 години ќе му беше досадно до крајот на животот. Сега има некоја цел за иднината. Затоа го заменив. Не знаев дека Меси го држи рекодот, дознав за тоа по натпреварот“, вели Гвардиола.

Се вчитува...