Гвардиола го коментираше интересот за Нејмар

Манчестер Сити ова лето стигна до посакуваните трансфери на Ерлинг Халанд и Калвин Филипс, а според медиумите во Англија, премиерлигашот не завршил со нови ангажмани. Тимот е сега поврзуван со Нејмар, но тренерот Пеп Гвардиола експресно ги отфрли шпекулациите.

Според шпанскиот стратег бразилскиот репрезентативец е одличен играч, но Манчестер Сити не може секое лето да купува по „150 играчи“.

„Жал ми е, но тоа не е вистина. Информацијата не е точна. Нејмар е неверојатен играч и колку што го познавам одличен човек. Но, не е точно. Па не може Сити секое лето да „купува“ по 150 играчи“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...