Англискиот првак Манчестер сити се вклучува во трката за ангажман на францускиот репрезентативец Бенјамин Павар. Десниот бек на Штутгарт имаше одлични настапи на Светското првенство во Русија и го привлече вниманието на најдобрите европски клубови.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, би сакал да го доведе Павар во својот тим во зимскиот преоден рок и да биде побрз од челниците на Баерн Минхен кои исто така кројат план за да го купат одличниот десен бек. Манчестер сити е подготвен да плати 30 милиони евра за ангажман на Павар. Во трката се уште и Рома, Севилја и ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА