Денешната програма во Премиер-лигата ќе биде комплетирана со големото градско дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед, на кое Пеп Гвардиола ќе се обиде повторно да го земе скалпот на градскиот ривал.
Гвардиола досега 25 пати го водел Сити против „црвените ѓаволи“ и има скор од 13 победи, три реми и 9 порази, а каталонскиот стратег не ја крие желбата денеска да слави над Јунајтед. Сепак, трофејниот стручњак потсети дека клучни на крајот се бројот на освоени бодови на табелата, а не резултатот од еден натпревар.
„Знам дека Јунајтед е тим што не има победувано во минатото, но откако сум јас овде веќе тоа не се случува така често. Во последните 9-10 години сме подобри од нив. Изгледа сум толку добар“, со шега ја почна прес-конференцијата предводникот на Сити, кој потоа продолжи: Имаме само почит за инвната историја, сите оине рекорди кои остануваат недопрени. Секако дека сакаме да победиме, знаеме колку тоа ќе им значи и на нашите навивачи. Ќе сториме се и се надеваме на добар исход, но и доколку оваа желба не ни се исполни, ништо страшно. Победник е оној кој има најмногу бодови на табелата во мај, а не оној што славел на еден меч, без оглед на ривалот. Мораме да влеземе во ритам, бодовите ни се неопходни да се опоравиме по двата пораза од стартот на сезоната“, заврши Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

