Англискиот премиерлигаш Манчестер сити на доминантен начин ја освои шампионската титула во Англија, но менаџерот Пеп Гвардиола постојано трага по нови засилувања со амбиција да создаде уште поквалитетен тим. Еден од проблемите на Шпанецот секако е капитенот Винсент Компани, кој многу често се повредува, а и веќе има 32 години. Но, Гвардиола веќе го подготвува неговиот наследник кој треба да пристигне на „Етихад“.
Матијс де Лигт, 18-годишниот стопер на Ајакс и холандски репрезентативец е изборот на Гвардиола. Тој иако е многу млад, веќе има солидна сезона зад себе во холандскиот шампионат, а играше и во финалето на Лигата на Европа против Манчестер јунајтед. Гвардиола веќе ги има сите негови карактеристики во нотесот, силен во воздушните дуели, но и одлично поткован технички, токму според неговите вкусови.
За Матијс де Лигт се интересираат и Барселона, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, па Гвардиола нема да има лесна задача да го доведе во својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА