Баерн Минхен со победата од 1-0 над Тигрес го освои клупското Светско првенство, што за баварците е шесттиот трофеј за помалку од година дена. Избраниците на Флик оваа титула ја додадоа на оние од Бундеслигата, Лигата на Шампиони, германскиот Куп, како и германскиот и европскиот Суперкуп, успех кој го има остварено само Барселона во 2009 година.
Фантастичкиот успех на својот поранешен состав му го честиташе и Пеп Гвардиола, кој го предводеше Баерн Минхен во периодот од 2013 до 2016 година. Шпанскиот стратег покрај честитката испрати и интересен предизвик за својот германски колега.
#MiaSanMia ❤ @PepTeam pic.twitter.com/Qd071AqQTb
— ??? FC Bayern ??? (@FCBayern) February 11, 2021
“Големи честитки на целата Баерн фамилија на овој сјаен успех, а највеќе на Ханси и играчите. Многу сум горд на нив. Но, би сакам да му кажам на дека Ханси дека Баерн е тек вториот состав кој освоил шест трофеи во една година. Пред Вас, тоа го оствари Барселона. Можам да ги повикам Меси и останатите па да одиграме натпревар за седмиот трофеј? Вие кажете ми кога и каде, а ние ќе дојдеме“ – се нашали тренерот на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

