Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш би можел да се пресели во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити на крајот на оваа сезона. Бразилецот има договор со ПСЖ до јуни, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, посакува повторно да работи со него, откако имаа одлична соработка во Барселона.
Дани Алвеш е еден од најуспешните фудбалери според бројот на освоените трофеи во кариерата и негов следен предизвик треба да биде шампионска титула во Премиер – лигата. Манчестер Сити му нуди одлична можност за збогатување на колекцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА