Манчестер сити има убедлива предност на врвот на табелата во Премиер – лигата, но менаџерот Пеп Гвардиола размислува за нови засилувања. Алексис Санчез е приоритет за засилување на навалната линија, но шпанскиот стратег сака да добие нова опција и во одбраната.
Гвардиола го посакува Ињиго Мартинез, дефанзивецот на Реал Сосиедад на „Етихад“ и за тоа е подготвен да ја активира отштетната клаузула од 35 милиони евра. Дефанзивецот беше еден од најдобрите одбранбени фудбалери во Шпанија, но повредите го спречија неговиот развој во изминатите две сезони. Сепак, Гвардиола верува во неговите квалитети и сака да го има во редовите на Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА