Гвардиола го сака Миралем Пјаниќ на „Етихад“

Манчестер сити е лидер на табелата во Премиер – лигата, но менаџерот Пеп Гвардиола и понатаму верува дека неговиот тим може да функционира многу подобро. Тој би сакал на „Етихад“ да доведе уште неколку засилувања, а едно од нив е Миралем Пјаниќ, играчот за врска на Јувентус.

Според медиумите на Островот, Гвардиола ќе се обиде да го купи Пјаниќ веќе во јануари, но тоа е тешко остварливо. Многу поверојатно е да инсистира на негов ангажман следното лето. Манчестер сити е подготвен да плати 60 милиони евра за босанскиот репрезентативец, но прашање е дали Јувентус ќе се согласи со таа сума. Инаку, тој дојде во редовите на „старата дама“ од Рома, за сума од 32 милиони евра.

Се вчитува...