Гвардиола: Халанд имаше семејна трагедија што ја криеше и од мене

Ерлинг Халанд пропушти неколку стопроцентни шанси во ремито против Челси минатиот викенд, но големиот ас се врати со постигнување на победничкиот гол на синоќешниот дуел со Брентфорд.

По тој гол, Халанд сега успеал да стрела прецизно против сите ривали со кои се сретнал во Премиер-лигата откако пред 18 месеци пристигна во Манчестер Сити, уште еднаш потврдувајќи ја голгетерската класа. Пеп Гвардиола во изјавата по мечот обелодени дека Норвежанецот се соочувал со тежок период во последните денови поради близок член на семејството.

„Најлесно е да критикувате некого, но никогаш не знаете што му се случува. Ерлинг беше критикуван по дуелот со Челси, но никој не знаеше дека тој имаше семејна трагедија, неколку дена претходно почина баба му со која беше многу близок. Тој не сакаше никој да знае, го криеше дури и од мене. Кога дознав, го повикав и разговаравме за тоа, мораше да го испроцесира на вистински начин. Зборувавме за неговиот татко, кој остана без мајка си, за неговите чувства. Јасно е дека Ерлинг се уште не е на 100%, но не може ни да очекувате такво нешто од играч што паузираше два месеци поради повреда, а сега му се случи таква семејна трагедија. Тој останува нашиот најдобар стрелец и знаеме дека ќе ни биде од голема помош до крајот на сезонава“, изјави Гвардиола.

Ерлинг Халанд сезонава настапи на 28 средби во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи 22 погодоци.

Се вчитува...