Гвардиола: Халанд ќе дава голови цел живот, жал ми е за луѓето сакаат тој да не успее…

Пеп Гвардиола не штедеше комплименти за Ерлинг Халанд откако норвешкиот ас постигна два гола за Манчестер Сити на гостувањето против Јанг Бојс (1-3). Токму Халанд ја донесе победата со два гола откако домаќините успеаја да израмнат на 1-1, што беа негови први погодоци во ЛШ сезонава откако норвешкиот голгетер не успеа да се запише меѓу стрелците на првите две средби во елитното европско натпреварување.

Гвардиола јавно му испрати комплименти на својот најдобар стрелец, порачувајќи дека е погрешно да се очекува од него да постигнува по неколку погодоци на секој натпревар.

„Ерлинг е врвен фудбалер, денеска сите видовте за што е способен… Луѓето очекуваат тој да дава по три четири гола на секој натпревар, ако не даде тогаш почнуваат приказните дека не бил толку добар. Луѓето сакаат тој да не успее, но жал ми е за нив, бидејќи Ерлинг е играч од највисока класа, ќе продолжи да дава голови цел живот. Секој голгетер влегува низ кризни периоди, најважно е да влегува во шанса, а Халанд секогаш го прави тоа. Веќе постигна и многу голови во Премиер-лигата, повеќе од играчи кои добиваат многу повеќе комплименти од него“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...