Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговите фудбалери сами ќе мора да изберат кој ќе биде наследник на Винсент Компани кој минатите години ја носеше капитенската трака во клубот.
„Кога Фернандињо ќе се придружи на тимот следната недела тие сами ќе изберат нов капитен. Треба да бидеме сите заедно кога ќе биде донесена одлуката. Мора да биде тоа така, бидејќи ако не се согласуваат со мене тој ќе мора да биде тој што ќе застане пред мене и ќе каже дека грешам“, изјави Гвардиола.
Денеска сините од Манчестер ги очекува првиот официјален натпревар сезонава, а тоа е мечот против Ливерпул во Комјунити шилдот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА