Гвардиола им го скрати сонот на Бразилците: Нема шанси… Крај на приказната!

Бразилските медиуми во текот на вчерашниот ден „бомбардираа“ со информациите дека Пеп Гвардиола би можел да биде новиот селектор на Бразил кој за 12 милиони евра годишно од 2023 година би го презел националниот тим.

Но, сонот на Бразилците дека во иднина би можел да го води славниот стратег кратко траеше откако Гвардиола веднаш ја отпиша таквата можност.

„Бразил си има многу добри тренери кои може да го преземат националниот тим. Тоа се навистина добри тренери. За мене нема шанси… Крај на приказната“ – изјави Гвардиола.

Шпанецот порано беше поврзуван и со репрезентацијата на Холандија. Се верува дека Гвардиола по завршувањето на епизодата со Манчестер сити секако ќе биде селектор, само останува прашањето на кој национален тим.

Се вчитува...