Гвардиола има големо срце: Ги почести сите вработени за првиот тим по 10 илјади фунти

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги израдува членовите на својот стручен штаб и персоналот кој помага за првиот тим со богат бонус од 10 илјади фунти за напорната и успешна сезона во која „граѓаните“ освоија нов трофеј во Премиерлигата.

Бонус од страна на Гвардиола добиле сите кои работат во зградата на првиот тим и сите кои работат во фудбалската академија на Манчестер Сити вклучувајќи ги и економите, обезбедувањето, физиотерапевтите…

Според англиските медиуми Гвардиола кој постојано го истакнува доприносот на сите кои работат во клубот „искеширал“ пола милион фунти.

Се вчитува...