Гвардиола има „план Б“ – Фернандињо како дефанзивец

Катастрофалната игра во одбраната на Манчестер Сити при поразот од 3-2 од Норвич го принуди Пеп Гвардиола да бара поинакви тактички решенија од тандемот Отаменди – Стоунс, кој воопшто не функционираше на саботниот премиелигашки дуел. Повредата на Лапорт остави силен траг врз сигурноста на последната линија на „граѓаните“, па сега Гвардиола ќе се обиде да го стабилизира  тимот со „планот Б“ – преселба на Фернандињо како централен дефанзивец.

Бразилецот вообичаено е последен играч за врска, но сезонава го загуби првотимскиот статус по доаѓањето на Родри од Атлетико Мадрид. Фернандињо е подготвен за првиот старт сезонава, и тоа како централен дефанзивец, на утрешното гостување против Шахтјор во првото коло од Лигата на шампионите.

Шанса од првата минута во Украина ќе добие и Жоао Кансело, кој ќе стартува како десен бек на местото на индиспонираниот Кајл Вокер.

Се вчитува...