Пеп Гвардиола и Манчестер Сити се наоѓаат во незавидна ситуација на средината од месец ноември, не само што се на „минус девет“ од Ливерпул во трката за титулата, туку моментно се и четвртопласирани на премиерлигашката табела, зад лидерот, Лестер и зад Челси. Проблемите на Пеп Гвардиола се и повеќе од очигледни, а газдите на Сити се подготвени да помогнат тие да се решат – со буџет за јануарски трансфери во висина од 100 милиони фунти.
Грешката што не беше доведена замена за екс-капитенот Компани стана очигледна откако се повреди Лапорт, па сега приоритет ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец. Воедно, ќе се интензивираат и преговорите за Ојразабал од Реал Сосиедад, кој е планиран како долгорочна замена за Лирој Сане, кој е повреден, а би можел во јануари да се пресели во Баерн Минхен (парите од овој трансфер би биле додадени на оние што Гвардиола ќе ги има на располагање).
Еден од приоритетите ќе биде да се доведе и замена за Давид Силва, кој на крајот од сезонава ќе го напушти клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА