Тешки денови се за Манчестер сити и Пеп Гвардиола. Во јануари потрошија над 200 милиони евра на засилувања, а резултатите се уште полоши од крајот на минатата година. Тие ќе водат голема битка до крајот на сезоната, откако и вчера загубија од Нотингем форест со 1-0.
Секоја серија завршува, но никој не очекуваше дека четирикратниот шампион на Премиерлигата ќе има толку многу проблеми оваа сезона.
„Мораме да победиме се за да се пласираме во Лигата на шампионите. Премиерлигата секоја сезона е се подобра и посилна. Ни претстојат десет финални меча кои мораме да ги победиме“, изјави Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

