Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека не е во ред тоа што сите зборуваат како Манчестер Сити троши многу пари, кога и останатите големи клубови трошат многу за фудбалерите кои ги носат. Запрашан за трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид, Гвардиола иронично изјави дека мадридскиот тим носи добри фудбалери, а Сити само троши пари.
„Реал носи добри фудбалери, а ние трошиме пари. Тоа е реалноста“, беше ироничен Гвардиола.
Манчестер Сити минатата сезона во своите редови го донесе само Ријад Марез, а засега се уште нема потпишано ниту еден фудбалер, за разлика од Реал Мадрид кој веќе ги промовираше Еден Азар, Лука Јовиќ и Ферлан Менди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА