Гвардиола ја најде замената за Родри

Манчестер Сити остана без еден од клучните, ако не и најважните играчи во тимот до крајот на сезоната. Родри заработи тешка повреда и нема да игра до крајот на сезоната, но „граѓаните“ најдоа замена.

Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди би можел да дојде во клубот во зима. За шпанскиот репрезентативец Сити ќе треба да плати 60 милиони евра колку што е неговата откупна клаузула. Англискиот шампион нема да чека, па трансферот би можел да се реализира веќе во јануари.

Зубименди одигра фантастично минатата сезона во дресот на баскискиот клуб, а одличните игри ги преточи во репрезентативниот дрес. Оваа сезона тој е клучот за средниот ред на Сосиедад. Зубименди е дете на Сосиедад, а за шпанската репрезентација одигра 12 натпревари.

Се вчитува...