Пеп Гвардиола зимава во Манчестер Сити ги донесе Абдукодир Хусанов, Витор Реис, Омар Мармуш и Нико Гонзалес. И покрај овие пристигнувања, не беше донесена замена за Кајл Вокер, кој изненадувачки направи трансфер во Милан.
Иако неколку имиња се појавија како шпекулација, сепак, не дојде ниту едно. Се споменуваше трансфер на Андреас Камбијасо од Јувентус, но нема ништо од тоа.
Гвардиола планира на таа позиција да ги користи Нунес, Луис и Аканџи, но дефиниитвно треба да најде десен бек.
Според англиските медиуми, менаџерот на Сити веќе ја нашол идеалната замена. Станува збор за фудбалерот на Кристал Палас, Даниел Муњоз. 28-годишниот фудбалер лани пристигна во Англија од белгиски Генк, и игра многу добро во тимот на Палас. Меѓутоа на овие шпекулации одговорија навивачите на Сити, кои се во целосен шок кој може да дојде како замена во нивниот тим.
Кристал Палас го плати на Генк 10 милиони евра, а сега може да го продаде тројно повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

