Јаја Туре на крајот од оваа сезона ќе си замине од Манчестер сити, потврди на денешната прес-конференција менаџерот Пеп Гвардиола. Минутажата на Јаја Туре значително се намали со доаѓањето на Гвардиола на менаџерската функција, но трофејниот стратег ги повика фановите да му искажат благодарност на големиот ас за големиот придонес за развојот на клубот.
„Против Брајтон ќе биде нашиот последен домашен натпревар, последен меч на Јаја Туре во Манчестер. Ќе се обидеме да победиме за него, а навивачите сигурно ќе му приредат испраќање какво што заслужува. Тој дојде меѓу првите, веруваше во овој проект кога многумина се сомневаа и Манчестер сити дефинитивно сега е на ова ниво благодарение на Јаја Туре и неколкуте играчи слични на него“ – изјави Гвардиола.
Јаја Туре пристигна во Манчестер сити во 2010 година од редовите на Барселона во трансфер вреден 24 милиони фунти, освојувајќи три шампионски титули, еден трофеј во ФА Купот и три во Лига-купот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА