Дел од англиските и италијанските медиуми објави дека по звршувањето на оваа сезона, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ќе ја преземе позицијата селектор на Англија.
Гвардиола е дел од шпекулациите, во кои влегува и Томас Тухел, екс тренерот на Челси и на Борусија Дортмунд. Дека Англија ќе има нов селектор, потврди и сегашниот В.Д. Карлсли кој потенцираше дека селекцијата заслужува професионален селектор.
„Си заминувам од Сити на крајот на сезоната? Не сум одлучил за тоа. Мојата иднина е отворена и немам точни одговори. Во фудбалот се е можно, но може да се каже дека од сегашен агол јас нема да бидат нов селектор на Англија“, рече 53-годишниот Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА