Гвардиола: Јас сум Каталонец, мојот англиски не е толку добар за да го опишам Халанд

Ерлинг Халанд продолжи да ги „кине“ мрежите во англиската Премиер лигата, откако Норвежанецот успеа и во новата победа на Манчестер Сити да даде два гола со што одигра клучна улога во триумфот над Брајтон од 3-1.

Ерлинг по овој меч стигна до 17 погодок во најсилниот англиски шампионат што е навистина неверојатно со оглед на тоа што има одиграно само 11 натпревари, па повеќе од јасно е дека ако продолжи вака ќе постави нов рекорд, нови стандарди во ПЛ.

Ваквите негови изданија му носам многу комплименти, па дури и ги остава луѓето без зборови како што е случајот со менаџерот Пеп Гвардиола.

„Јас сум Каталонец, па мојот англиски не е доволно добар за да го опишам … Играта на Ерлинг ни помогна да победиме, бидејќи нивото на кое игра и неговите амбиции се неверојатни“, порача предводникот на ‘граѓаните’.

Се вчитува...