Гвардиола како едвај да чекаше да го прозива Клоп: „Како него…“

Манчестер сити во последната секунда од мечот дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Вулверхемтон, иако имаше и негатива од 1-0 на натпреварот.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по натпреварот го прозва поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, истакнувајќи дека неговата екипа обично доаѓа до сигурни победи, за разлика од неговиот долгогодишен ривал кој го водеше до минатата сезона Ливерпул.

„Не сме навикнати да победуваме натпревари на самиот крај, како Клоп и Ливерпул. По тоа се тие познати многу пати. Денеска нам тоа ни се случи, и ни се допаѓа“ – рече Гвардиола.

Иако Сити и Ливерпул последните години водеа тешки битки за насловот во Премиерлигата односот меѓу Гвардиола и Клоп секогаш беше пријателски и одбележан со почит. Затоа оваа реченица на Пеп веројатно помалку беше сериозно земена во предвид, отколку што тоа испадна.

Се вчитува...