Пеп Гвардиола сезонава потпиша нов договор со Манчестер Сити, но трофејниот стручњак јасно стави до знаење дека не планира уште премногу долог да остане на чело на „граѓаните“.
Новиот договор е со важност до јуни 2027 година, а Гвардиола во интервју за ЕСПН е дециден дека кога ќе дојде тој момент, ќе земе најмалку една година одмор како што тоа го стори Јирген Клоп минатото лето.
„Луѓето може да ме паметат како што сакаат, но во една работа сиум сигурен, штом ми истече договорот со Сити – престанувам… Не можам да кажам сигурно дали ќе се пензионирам, но гарантирам дека ќе земам пауза. Чувствувам дека ми треба одморам и морам да си го слушам телото. Луѓето сакаат да останеме тренери засекогаш, да уживаат во нашата работа, но треба малку да се посветиме на самите себе. Кога ќе умреме, нашите семејства ќе плачат два-три дена, а потоа ќе бидеме заборавени. Затоа и велам, не е важно како ќе ме паметат луѓето, важно е што јас знам дека секогаш сум давал се од себе за клубовите за кои сум работел“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

