Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека ќе остане на клупата на „граѓаните“ и по крајот на оваа сезона, уште една година, а потоа не се знае.
Гвардиола на „Етихад“ стигна летото 2016 година, а пред тоа ги водеше Баерн Минхен и Барселона. Со „граѓаните“ сезонава бележи неверојатни резултати поради кои многумина сметаат дека битката за титулата е веќе одлучена.
Последниов период постојано се зборува и околу неговата иднина во Сити, па Пеп одлучувајќи да стави точка на шпекулациите нагласи дека во клубот останува и наредната сезона, а потоа се ќе зависи од резултатите.
„Ќе бидам тука уште една сезона, а после ќе видиме. Се зависи од тоа дали ќе победуваме или не. Дали ќе заслужам продолжување на договорот или не. Тука сум навистина среќен, но за да продолжите договор со голем клуб мора да победувате“ – вели Гвардиола.
За иднината на Гвардиола влијание ќе имаат и резултатите во Лигата на шампионите. Сити сезонава во осминафиналето игра против швајцарски Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА