Гвардиола: Ќе покажеме дека Манчестер Сити е посебен клуб

Манчестер Сити по долгогодишната доминација оваа сезона се соочува со големи проблеми. Актуелниот шампион на Англија не е во конкуренција за одбрана на титулата, а во Лигата на Шампиони го очекува пеколно тежок осминафинален двомеч против Реал Марид.

Тренерот Пеп Гвардиола сепак верува дека најдоброто од неговиот тим допрва следи и колку неговата екипа е посебна ќе биде докажано на средбата против шпанскиот ривал.

„Одигравме осум натпревари во последните пет години против Реал Мадрид, со помал или поголем успех, но мене не е нормално да играме против нив толку често. Стануваме класика во новата ера на Лигата на шампионите. Ние не се снајдовме најдобро во лигашкиот дел и заслужуваме да играме во плеј-офот.

„Реал некако успеа подобро да ги аморитзира повредите од нас, тие се лидери во Ла Лига, а ние немавме константност. Примивме многу голови. Бевме нестабилни во претходниот период и тоа многу не чинеше, но полека се враќаме во нашиот ритам. Морам да бидам оптимист.

Не е важно што реваншот е во Мадрид, нашиот тим има нешто посебно и се надевам дека ќе го покажеме тоа утре. Знаеме што ни носи победата и што ни носи нерешениот резултат. Но, денес во фудбалот не прави голема разлика дали си фаворит на хартија или не“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...