Гвардиола: Кевин мора да знае колку го сакаат луѓето

Еден од најзначајните фудбалери во редовите на Манчетер Сити, Кевин де Брујне по подолга пауза се врати на теренот и настапи на натпреварот во ФА Купот против Хадерсфилд на големо задоволство и на навивачите, но и на тренерот Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег не го криеше задоволството и по крајот на средбата по која говореше за белгискиот репрезентативец и неговото значење, но не само за тимот, туку за навивачите на кои им е омилен.

„Кевин мора да знае колку го сакаат луѓето. Тој е неверојатен. Се додека не одлучи да си замине или да се пензионира ќе биде еден од најсаканите играчи. Навистина мораме да бидеме задоволни што го имаме“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...