Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола на интересен начин го коментираше финалето на Карабао Купот, во кое Ливепрул по продолженијата славеше над Челси со 1-0, и го освои трофејот.
Шпанецот кажа дека не обрнува многу внимaние на тоа натпреварување, и дека не памети ништо од тој Куп во изминатите години.
„Кога дојдов во Манчестер Сити, помошникот тренер Брајан Кид ми рече да не обрнувам внимание на Карабао Купот, затоа што никого не го интересира тој трофеј. Да играм со млади играчи, и дека никој не го интересира. Не знам што се случуваше со овој куп во последните три години“, рече Гвардиола.
Вечерва Сити игра против Лутон во ФА Купот, и го брани трофејот во ова натпреварување. Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола, четири пати по ред го освојуваше Карабао Купот, од 2018 до 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА