Гвардиола: Кога играш против најдобрите и ти си подобар

Денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите сакаше мега-дерби уште во осминафиналето од најквалитетното клупско европско натпреварување и пресметка меѓу гигантите Реал Мадрид и Манчестер сити.

Ова ќе биде дури петти пат овие два тима да се сретнат во нокаут фазата од елитното натпреварување. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по ждребот изјави дека кога играш против најдобрите во Европа и ти стануваш подобар.

„Кога играш против најдобрите тимови во историјата на ова натпреварување, учиш, се подобруваш и стануваш посилен во иднина“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...