Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше „трансферот“ на директорот Омар Берада во ривалот Манчестер Јунајтед.
Берада е еден од најзаслужните за успехот на Сити. Тој работеше на големи трансфери на екипата како доведување на Де Брујне, Лапорт или Халанд. На прашањето дали стравува дека Берада ќе ги „издаде“ сите тајни на Сити на Јунајтед, тој даде интересен одговор.
„Кевин де Брујне и натаму е играч на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд исто така. Не верувам дека тоа ќе биде така лесно како што сметаат многујмина. Но, ако Манчестер Јунајтед смета дека таа личност ќе смени се во нивните редови, тогаш им честитам“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА