Манчестер Сити ја мина и втората пречка во англискиот ФА Куп откако „граѓаните“ славеа со 0-1 на гостувањето против Тотенхем. Триумфот е значаен за Пеп Гвардиола, бидејќи Сити под негово водство немаше постигнато ниту еден гол на петте досегашни средби на стадионот на Тотенхем, црна серија што конечно беше прекината со вечерашниот триумф.
„Граѓанит“ беа подобри во поголем дел од мечот, имаа поништен гол преку Боб, потоа убави шанси промашија Доку и Де Бруине, за во самиот финиш да стигнат до заслужена победа со голот на Аке, по слабата интервенција на голманот Викарио по корнерот што го изведе Де Бруине.
LATE DRAMA 🤯🤯🤯
Nathan Aké gives @ManCity the goal they’ve been waiting for at the Tottenham Hotspur Stadium 😱#EmiratesFACup pic.twitter.com/jsCvFVBtBe
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 26, 2024
Челси и Астон Вила ќе играат нов меч за да биде одреден патникот во следната рунда откако меѓусебната пресметка на „Стемфорд бриџ“ заврши без голови. Гостите успеаја да постигнат погодок преку Даглас Луиз во првото полувреме, но истиот беше поништен со ВАР поради играње со рака на стрелецот на голот. Челси имаше убави можности во вториот дел, но домаќините не успаја да најдат начин да го совладаат одличниот Мартинез, по што сега ги очекува пеколно тешко гостување на „Вила Парк“.
Со идентични 0-0 заврши и дуелот меѓу Бристол Роверс и Нотингем Форест, а нов меч ќе играат и Шефилд Венздеј и Ковентри откако вечерашниот дуел заврши без победник, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА