Манчестер Сити доцна синоќа договори продажба на Жоао Кансело на Ал-Хилал во вредност од 25 милиони евра. Португалецот допрва треба да ги договори личните услови со саудискиот клуб, а според Би-Би-Си, на маса е тригодишен договор.
Кансело во последните две сезони имаше несогласувања со тренерот Пеп Гвардиола, обвинувајќи го, меѓу другото, дека лаже и не е чесен со него. Гвардиола го испрати на позајмица во Баерн и Барселона, а оваа сезона не го искористи во првите два натпревари од Премиерлигата.
Како што пишуваа новинарите во Манчестер, пред тоа имало жестоки расправии меѓу нив на тренинзите, а иако Гвардиола неодамна изјави дека Кансело „можеби се уште има иднина во клубот“, беше јасно дека сака да се ослободи од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА