Со натпреварите меѓу Лајпциг и Реал Мадрид и Копенхаген и Манчестер сити вечерва започнува осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
Тренерот на актуелниот шампион на Европа, Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред мечот вели дека Копенхаген не смее да биде потценет бидејќи годинава покажаа дека може да бидат многу незгодни, откако во групната фаза завршија пред великаните Манчестер јунајтед и Галатасарај.
„Трибините се толку блиску, публиката, замислете да излезете таму, сите тие се очајни да гледаат фудбал. Имам огромна почит кон нив. И обично многу ги почитувам противниците, но кога видов што направија во групната фаза, против какви ривали. Им реков на играчите утрово: „Морате психички да се подготвите. Тактичкиот план ќе биде ист како и секогаш, но психички треба да бидете подготвени да работите напорно. Чувствувам дека ќе биде тежок меч, а чувството обично не ме залажува“.Тешки се затоа што можеби се уште го немаат тој ритам на Лигата на шампионите, но се претставија неверојатно во група. Ќе сакаме да се обидеме да ја завршиме работата во Манчестер, а сега да извлечеме добар резултат“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА