Гвардиола крена „бело знаме“: Не ми е гајле за Премиерлигата, не можеме да ја освоиме!

Се откажа ли Манчестер Сити предвреме од титулата во Премиерлигата? Судејќи според зборовите на менаџерот Пеп Гвардиола после поразот од Манчестер Јунајтед, очигледно тоа е така. Гвардиола кажа дека веќе не му е гајле за Премиерлигата и за Лига Купот.

Дали ова значи дека Сити сега целосно ќе се сврти кон освојување на Лигата на шампионите, единствениот трофеј кој недостасува на Сити по доаѓањето на Шпанецот.

„Не ми е гајле за Премиерлигата ниту за Карабао Купот. Немаме шанси да ги освоиме. Но, имаме многу победи, па нема проблем“, рече Гвардиола по поразот од Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Гвардиола по мечот кажа дека неговиот тим незаслужено е поразен на Олд Трафорд, затоа што едниот гол на Јунајтед е нерегуларен.

Се вчитува...