Гвардиола купува дефанзивец од Ла Лига

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити ќе ја засилува одбраната по завршувањето на сезоната. Јасно е дека „граѓаните“ ќе му ја предадат шампионската круна на Ливерпул, а Пеп Гвардиола веќе наголемо размислува за реновирање на ростерот. Една од намерите да доведе ново квалитетно засилување за одбраната и изборот падна на Пау Торес од Вилјареал.

23-годишниот фудбалер на „жолтата подморница“ нема да биде голем удар за буџетот, со оглед дека неговата отштетна клаузула изнесува 20 милиони евра, а Гвардиола смета дека би можел да игра во тандем со Ејмерик Лапорт. Тој треба да ја засили конкуренцијата на стоперските позиции откако Џон Стоунс и Николас Отаменди не ги оправдаа очекувањата во тековниот шампионат.

Манчестер Сити сака да доведе и лев бек. Решенија во моментот се Бенјамин Менди и Александар Зинченко, а Анхелињо е испратен на позајмица во бундеслигашот Лајпциг.

 

 

Се вчитува...