Гвардиола: Лажев дека имаме 1% шанси да се пласираме во следната фаза

За пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити вечерва пред себе има тешка задача. Гостува во Мадрид на Реал, и згора на тоа треба да брка негатива од 2-3 по првиот меч во Манчестер.

Пред овој натпревар, Гвардиола рече дека шансите на Сити за поминување понатаму се помали од 1%, а вчера на прес-конференцијата во Мадрид во шега призна дека лажеше за неговата изјава.

„Лажев за еден процент шанси. Првпат лажам“, рече Гвардиола со насмевка.

„Резултатот не е идеален, но можеме да успееме. Мораме да играме храбро, но мораме да имаме перфектен натпревар ако сакаме да одиме во следната фаза“, изјави менаџерот на Сити.

И тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја отфрли изјавата на Гвардиола за минимални шанси за триумф на Сити.

„Не се сметаме дека сме 99%фаворити. Имаме мала предност поради победата во Манчестер, и мораме да ја искориситме. Тоа е психолошка работа и не е лесно да се носиме со тоа. Мораме да играме како на првиот меч, затоа што тоа ни донесе добар резултат“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...