Гвардиола: Ливерпул има 1.000 бода повеќе од нас, ФА купот не ја вади лошата сезона

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за 20. титула во англиската Премиерлига по убедливиот триумф над Тотенхем на „Енфилд“ во 34. коло од Премиерлигата.

Минатогодишниот шампион е четврти со 61 бод, еден повеќе од Нотингем Форест, кој одигра коло помалку.

Првите пет екипи ќе се пласираат во Лигата на шампионите, но Шпанецот смета дека ниту освојувањето на ФА Купот не може да се окарактеризира како доволен за успешна сезона.

„Оваа сезона не беше добра. Заостануваме илјада бодови зад Ливерпул и тоа не е добро. Погледнете ја Лигата на шампионите – победивме еден или два натпревари? Не бевме добри. Клубот мора да донесе правилни одлуки ова лето за подобра следната сезона”, изјави Гвардиола. 

Се вчитува...