Манчестер сити и Ливерпул денеска од 20:45 часот го играат еден од, се чини, клучните натпревари во трката за шампионската круна во Англија.
Сето тоа носи и очигледна тензија во двата табори од каде се интензивираат и „провокациите“. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола потенцира дека за неговиот тим може да биде предност до крајот на сезоната притосокот со кој се соочуваат фудбалерите на Ливерпул во желбата конечно да стигнат до трофејот….
„Да ви кажам, бев во Барселона, бев во Баерн Минхен и многу добро знам како се чувствуваат сега и фудбалерите на Ливерпул… Па, клубот не освоил титула цели 29 години. Знам дека нивните фудбалери силно го посакуваат трофејот. Им кажав и на моите играчи дека тие тешко се носат со тој притисок па затоа мора да бидеме што поблиску бодовно до Ливерпул до пред крајот на сезоната кога сигурно ние ќе бидеме тие со психолошка предност“ – вели Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА