Пеп Гвардиола повторно не успеа да дојде до трофејот во Лигата на шампионите со Манчестер сити. Во финалето во Порто „граѓаните“ беа запрени од Челси кој триумфираше со 1-0 со голот на Хаверц во 42. минута.
Сосема очекувано незадоволство кај Гвардиола по синоќешниот натпревар.
„Првото полувреме беше лошо, второто многу подобро, но севкупно ова беше лош ден за нас. Патевме со долгите топки и освојувањето на вторите топки. Но, како ова беше наше прво финале во Лигата на шампионите би рекол дека игравме и добро. Покажавме храброст, иако резултатски тоа не вроди со плод. Беше ова, во секој случај, фантастична сезона за нас. Ете се обидовме да дојде до трофејот и во Лигата на шампионите, но не успеавме. Честитам на Челси на одлична сезона и освоената титула“ – истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА