Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола тврди дека го има најкраткиот ростер во Премиерлигата. Шпанецот ја даде оваа изненадувачка изјава после победата над Астон Вила со головите на Родри, Гундогак и Махрез. Минатата недела Сити беше обвинет за финансиски неправилности, па дури имаше шпекулации за одземање на бодови и префрлувњање во понизок ранг.
Сити потроши 2 милијарди фунди за играчи, откако беше презеден од шеикот од Абу Дави Мансур бин Зајед ал-Нахјан, и со клубот освои шест шампионски титули.
„Имаме само 18-19 играчи, нашата длабочина во тимот е толку мала, можеби најмала во целата Премиерлигата. Важно е да немаме повреди, но имаме неверојатна методологија на тренинзи за да се справиме со заморот и да избегнеме повреди. Имаме неверојатни лекари, физиотерапевти. За ова се борам долги години“, рече менаџерот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

