Гвардиола: Манчестер сити не е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим ќе се сретне со Наполи утре во 21 часот, изјави дека сега тие повеќе не се фаворити за освојување на натпреварувањето, како што беа порано.

Сити лошо ја почна новата сезона и веќе има два порази и во домашниот шампионат.

„Се чини дека не сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите. Засега, само уживаме во моментот, патувањето и искуството. Среќни сме што сме тука. Во минатото, стигнавме далеку и победивме само еднаш, па работевме напорно. Во моментов, фокусот е на утрешниот натпревар, кој треба да го одиграме добро за да го започнеме овогодинешното издание на натпреварувањето што е можно попозитивно“, рече Гвардиола. 

Се вчитува...