Гвардиола: Мечот Барселона – Интер беше феноменален, поради ваквите дуели стадионите никогаш нема да се празни

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е воодушевен од натпреварот помеѓу Барселона и Интер во Лигата на шампионите.

Екипите одиграа нерешено (3:3) во првиот полуфинален натпревар од турнирот. Во другиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, ПСЖ го победи Арсенал со (1:0).

„Изненаден сум колку беше добра играта. Благодарение на ваквите натпревари, стадионите никогаш нема да бидат празни, а фудбалот ќе расте. Можам само да бидам благодарен за двете полуфиналиња во Лигата на шампионите – и двете беа неверојатни, особено вториот. И мислам дека Интер повторно докажа дека е неверојатен, исто како кога ние ја освоивме Лигата на шампионите против нив. Како се бранат, како се обновуваат, колку се физички подготвени и добро организирани. Инзаги е неверојатен тренер. Очекувам и возбудливи реванш натпревари“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Се вчитува...