Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е горд на менталната сила на тимот, по победата над Барнли од 0-1 во 36. коло во Премиер-лигата.
„Секако дека не ни е лесно, не му е лесно ниту на Ливерпул, но реакцијата на моите фудбалери по елиминацијата од Тотенхем во Лигата на шампионите е неверојатна, вистински професионалци се. Ментално сме посилни и покрај повредите на Де Бруин и на Фернандињо кои се важни во нашата ротација. Тешко ни е и на нас и на Ливерпул. Ние имаме 92 бода, тие 91, а се уште никој од нас не е шампион. Неверојатно е“, вели Гвардиола.
До крајот на првенството Манчестер Сити го очекуваат уште мечевите со Лестер и со Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА