Името Лео Меси со златни букви ќе биде запишано во историјата на фудбалот. Аргентинецот кој важи за еден од најдобрите фудбалери воопшто дополнително ја зголеми неговата величина на Светското првенство во Катар каде го освои последниот трофеј кој му недостасуваше во витрините.
Пофални зборови за неверојатниот успех на Меси имаше и неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола кој вели дека без разлика на успехот на Светското првенство Меси е најголемиот на сите времиња.
„И пред Мундијалот говорев како Меси за мене е најдобар фудбалер на сите времиња. Поради се што направи во последните 17, 18 години неговата важност за овој спорт е немерлива. Титулата светски шампион е јагода на шлагот во неговата кариера. Меѓутоа и да не ја освоеше моето мислење за него ќе беше исто“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА