Менџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше поразот од Нотингем Форест, со кој, се чини неговиот тим го загуби третото место на табелата во Премиерлигата.
Гвардиола потенцираше дека местото во Лигата на шампионите треба да се заслужи, и дека истото нема да дојде само.
„Мораме да играме подобро. Треба да се направи нешто, место во Лигата на шампионите нема да падне од небо. Ситуацијата е таква каква што е. Остануваат уште 10 кола, играме со Брајтон следната среда и потоа ќе видиме што ќе биде следно“, изјави тренерот на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

